МИЦКОСKИ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Ќе се бориме да ја исправиме таа неправда
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Топ тема на Телма рече дека не е демократски да се забрани луѓето да го исправат она за што мислат дека e неправда.
Tој објасни каков став ќе заземат за Преспанскиот договор. Изјави дека лично тој не гласал на референдумот, затоа што според него прашањето е манипулативно. Рече дека договор требало да има, никој не е против, но не ваков договор како што потпиша екс премиерот Зоран Заев со Грција.
„Ќе се бориме да ја исправиме таа неправда, дали ќе успееме тоа е веќе друго прашање“, вели Мицкоски.
Тој изјави дека слободно обвинителството може да ги тера процесите кои ги презема од СЈО.
Мицкоски вели дека сите процеси треба да се истераат до крај.
Тој имаше забелешки дека многу од процесите почнувале од почеток, дека судијки се повлекувале, и порача дека правдата мора да важи за сите.
Тој му одговори на екс министерот за финансии, Џевдет Хајредини дека не е точно, дека сакале да ги спасат од гонење лицата кои ги гонеше СЈО.
Хајредини рече дека многу пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ не се процесуирани во судовите.