19 Мај, 2024
0.0326

Мицковски бара мудрост во процесот за името

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е добро да бидат информирани од страна на Владата за процесот на преговори за спорот за името и оти процесот треба да се води мудро и внимателно.

- Се додека во моментот, одговорноста е на Владата на Македонија, добро е ВМРО-ДПМНЕ да биде информирано како овој процес би напредувал во иднина и до она што се вели конечно решение ВМРО-ДПМНЕ би играл мудро во целиот овој процес. ВМРО-ДПМНЕ би било дел од овој процес доколку Владата одлучи да не информира, да го информира Иванов и другите политички чинители за тоа како ќе се развива овој процес во иднина. Треба да бидеме внимателни во преговорите за разликите кои ги има нашиот јужен сосед со името на Македонија, рече Мицкоски во интервју за ТВ Сител.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека изминатите месеци откако беше избрана новата Влада, имаше чувство на оптимизам во двете држави, но според него, во моментов чувствата се измешани, особено по днешниот протест во Атина, а неговата перцепија е дека пороцесот назадува.

– Чувствата се се поизмешани, заради тоа е потребна мудрост, внимателност за тоа како овој процес понатаму ќе се развива, бидејќи интерес на граѓаните е државата да победи во овој процес и Република Македонија да излезе како победник од процесот. Затоа процесот треба внимателно и одмерено да се води бидејќи, како процесот се интензивира, чувствата стануваат поизмешани, што не е добро. Особено по оние пораки, униформи на кои денеска бевме сведоци на овој протест и протетсот во Солун каде имавме иредентистички пораки, палење на македонското знаме. Сето тоа не оди во корист на овој процес, напротив создава ретроградни перспективи, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е непроменет партискиот став за промена на Уставот заради промена на името, односно дека за нив е неприфатлива промена на највисокиот законодавен акт на земјата заради промена на уставното име.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама