Мијалков сака да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

Објавено во: Економија 26 Март, 2025 12:42
Бест Веј Инвестмент, компанијата на Јордан Мијалков, синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, сака повторно да биде сопственик на Софија Градба, фирмата која е најголем акционер во најголемата македонска житница ЗК Пелагонија и речиси стоотстотен сопственик на фабриката за млечни производи Здравје Радово.
На 10 март до Комисијата за заштита на конкуренцијата стигнало известување дека Бест Веј Инвестмент сака да стекне заедничка контрола со Орка Холдинг над Софија Градба преку купопродажба на удели.
Уделите би биле подеднакво поделени 50-50. Инаку Орка Холдинг веќе е сопственик на Софија Градба, а вториот актуелен содружник е Делта 2015 Констракшн. Останува да се види дали Делта 2015 Констракшн ќе го преотстапи својот удел.
„Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје
и Друштвото за производство, трговија и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје поседуваат
по 50 отсто од уделите во Друштвото за градежништво, трговија и услуги СОФИЈА ГРАДБА
ДОО Скопје со седиште на ул.Орце Николов бр. 71/1 Скопје, а со тоа имаат и заедничка
контрола врз ова друштво“, констатира КЗК во известувањето објавено на 17 март.
Мијалкови преку Бест Веј Инвестмент беа сопственици на Софија Градба кога поранешниот директор на УБК реши да стане бизнисмен по неговата оставка, но со отворањето на случајот „Империја“ ја загуби сопственоста.
Бест Веј Инвестмент во моментов го поседува Омпетрол Оил, друштво со складишта за продажба на горива на големо. Во своето портфолио ги има бензинските станици „Бест Веј Оил“, градежната компанија „Девелоп Груп“ и „Мериот Хотел - Скопје“.
Минатата година во мај и во јуни Мијалкови по затворањето на „Империја“ повторно станаа сопственици на ССИ Инвестмент и Бизнис Проперти Инвестмент, фирми со кои беа поврзани но дотогаш се водеа на име на Рубин Нуредини и Серјожа Марков.
На ваквиот потег може да се гледа и како на затоплување на односите помеѓу Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев, инаку сопственик на Орка Холдинг.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“
