08 Мај, 2024
0.0257

Мила Царовска: Актуелниот модел на настава останува до крајот на учебната година

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Мила Царовска, министерката за образование, на денешниот настан во Фондот за иновации и технолошки развој, одговарајќи на новинарско прашање рече дека актуелниот модел на настава ќе остане непроменет до крајот на учебната година.

- Дали се размислува за менување преку една недела на група на ученици ќе беше случај доколку состојбата останеше на ниво на 1 октомври и доколку можеби се намалуваше бројот на новозаразени, но денеска имаме зголемен број на новозаразени и токму затоа сметаме дека овој модел треба да остане во пракса и да го одржиме до крајот на учебната година, рече Царовска.

Таа додаде дека за 18 проценти се зголемик бројот на ученици кои следат онлајн настава и дека вчера попладне од МОН била испратена апликација до училиштата да одговорат колку редовно, кога станува збор за оние кои немаат уреди и пристап до интернет, ја следат учениците наставата преку телевизор. Министерката најави дека до 20 ноември ќе се формираат првите оценки.

- Постојано сме во дневна комуникација со директорите и градоначалниците за квалитетно да се постави системот на оценување. Доколку наставникот увиди предизвик дека не може да го оцени ученикот преку онлајн настава, ќе има право да го повика на индивидуална средба за да го утврди поквалитетно нивото на знаење кај ученикот, наведе Царовска.


Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател