14 Декември, 2025
0.0293

Миле Лефков: Не може да има помош со закон за семејствата од Кочани додека трае истрагата

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2025 10:51

Добивај вести на Viber

Миле Лефков, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, во емисијата „Што мисли народот“ на локалната ТВ Стар рече дека владеачкото мнозинство нема да го поддржи предлог-законот за помош, односно з аобештетување на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, затоа што, како што рече тој, не е завршена истрагата на Обвинителството и нема уште официјално обвинение.

Според Лефков, најлегитимно би било семејствата на настраданите и повредените да почекаат да заврши процесот па потоа преку судска постапка да бараат обештетување. Како што рече пратеникот, предлог-законот поднесен од Оливер Спасовски од СДСМ би можел да влијае на постапката.

- Ако тргнете да правите вакви закони додека не се формулирани обвиненијата, со тоа директно се влијае на истрагата. Истрагата ќе трае уште 14 дена за 11 полициски службеници, обвинителството не ги формулирало поединечните обвиненија, и сега јас да тргнам по паметот на министер кој девет години работел со сектор кој што се прослави со фалсификувани исправи.

Со судска постапка се бара обештетуивање,тогаш сме спремни на барање на судската фела , на стручната јавност, истото да биде формулирано со закон, рече Лефков синоќа во студиото на штипската телевизија.

СДСМ повторно поднесе предлог-законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани, но овој пат по редовна постапка. Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите да им се даде надомест од 80.000 евра, додека пак сите оние кои што се со повреди, зависно од степенот на инвалидитетот, да се одреди сумата којашто треба да ја добијат. 

Според Лефков,државата веќе помогнала со тоа што преку министерот за надворешни делупваше и министерот за внатрешни работи успешно биле искоординирани летовите и лекувањето во странство, а за условите за работа со пациентите во кочанската болница ја обвини опозицијата.

- Но опременоста е предизвик и потребна е реконструкција на болниците. Јавноста треба да знае дека општеството има своја инертност. Бенко филипче кога беше министер рече дека има физибилити студија за таа да биде затворена, па да биде центар за ампутација и сега треба тоа да се сопре и да влеземе во реконструкција на болницата која не била реконструирана 43 години, додаде ЛЕфков.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово