27 Април, 2024
0.7124

Милески застана на чело на МДН Обезбедување: Пораснав и го печев занаетот во фирмата, квалитетот останува приоритет

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Нема да згрешам  ако констатирам дека бизнис климата во нашата држава е слична како и здравствената криза „на респиратори“. Дополнително што секојдневното живеење ни е следено со разно разни рестрикции, вонредна состојба и слично. Секој на свој начин се обидуваме што полесно да преживееме на микро ниво, вели во разговор за Фактор, Марио Милески, директор на МДН Обезбедување. Секторот на приватно обезбедување исто така чувствуваше последици од кризата, дополнително, како што вели Милески, во овој бизнис доста од позициионирањето на компаните на пазарот зависи и од политичката партија која е на власт. МДН успеале да си ја задржат својата позиција некаде во средина и Милески е горд на тоа. Тој е млад менаџер, на директорската позиција ги наследува своите родители, и вели дека обврската е голема.

Милески: Нема да ми забележите и се надевам дека и ќе се согласите со мене дека во определени случаи содржината доминира над временскиот аспект. Сакам да кажам дека иако сум релативно млад и искуството во години не натежнува премногу, тие години се исполнети со академско и стручно образование и мое постојано надоградување и од аспект на стручното вршење на дејноста приватно обезбедување и секако од бизнис аспект кој пак подразбира конкурентност на услугата која ја нудиме како компанија.

Имам завршено прв циклус на образование во областа и во моментот моето образование го  надоградувам со втор циклус, односно магистерски студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир кој е во рамките на Филозофскиот факултет при УКИМ а во исто време имам посетувано специјалистички обуки во различни области кои го надоградуваат моето знаење. Во мојот случај, со оглед дека компанијата е семејна, ќе кажам дека имав прилика да растам и живеам со успесите и проблемите во компанијата. И нормално, сакал човек или не уште од рано детство сосема природно е да ги следиш предизвиците и работењето на компанијата, така што до денес сериозно го имам „испечено„ занаетот во суштината на вршење на дејноста со која се занимаваме.



Што се вклучува компанијата МДН - што подразбира овој бизнис и кои услуги ги нудите?

Милески: Во своето 18 годишно постење и работа Друштвото за обезбедување имоти и лица МДН Обезбедување успеа успешно да се профилира во нашето општество како комапнија која ефикасно може да се носи со професионалните предизвици на македонскиот пазар во делот на услуги за физичко и техничко обезбедување.

МДН Обезбедување има усвоена јасна политика на квалитет која во целост се одсликува во работењето и извршување на работните и професионални задачи. Преку ефективно почитување и примена на поставените стандарди за квалитет на услугите кои ги нуди во областа на приватно обезбедување и заштита, МДН Обезбедување на своите корисници им овозможува секојдневна состојба во која преовладува стабилност, сигурност и безбедност.

Располагаме со најмодерни материјално технички средства и опрема и горди сме на својот професионално обучен кадар. Дополнително преку ефикасно организиран систем на физичко, техничко и мониторинг патролно обезбедување овозможуваме 24 часовно професионално обезбедување и заштита. Нашата компанија има сопствен Центар за обезбедување и надзор со што нудиме 24 часовна поддршка за нашите клиенти.

Како МДН обезбедување ја завршува 2020 година, какви се финансиските показатели за годинава? Во споредба со претходните, како би ја оцениле оваа година?

Милески: Видете, 2020 година беше специфична година на глобално ниво, па во стручните кругови се смета дека истата воопшто не треба ни да се зема за компарација од никаков аспект. Можеби не директно, но нашата дејност беше соочена со индиректни последици од прекинот на работа на конкретни економски оператори. Под таков притисок кој се наметна од здравствената криза и Ковид-19, сосема нормално е и нашите договори да претрпат рестрикции и промени. Сепак, чинам дека најголемиот предизвик со кој се соочивме беше како да ги задржиме вработените на работа, да не продуцираме дополнителна невработеност и во исто време да одговориме на потребите на ликвидност на компанијата. И тоа никако не е лесна задача, а од сите нас побарува дополнително познавање и вештини и од други области и секако нови решенија.  Верувам дека ова беше еден од предизвиците со кои се соочивме и како општество, меѓутоа исто така верувам дека економските последици ќе ги чувствуваме понатаму и во оваа нова 2021 година.

Каква е пазарната позиционираност на компанијата, споредувајќи ги останатите компании кои работат во оваа дејност? Дали сте задоволни од ова?

Милески: Нашата компанија се вбројува во големи правни лица според категоризацијата на Законот за трговски друштва и според бројот на вработени во таа категорија се позиционираме во средината. Во нашето секојдневие сведоци сме дека со секоја промена на политичката сцена се манифестира промена и на ако може така да ги наречам клучните играчи во дејноста приватно обезбедување. Сметам дека не е беспредметно да невлегувам во ваквите димензии, но она кое чувствувам потреба да го нагласам за нас е суштинската определба како МДН Обезбедување дека мора да тежнееме кон квалитет, а не кон квантитет.  Големината, успешноста и позицијата ја мериме преку стручност и професионалност на вработените, преку задоволство и лојалност на корисниците на услуги и преку соработка со релевантните институции. Сметам дека во таа смисла, треба да бидеме целосно задоволни од нашата позиционираност и нашиот напредок бидејќи тој секогаш ќе мора да оди сразмерно. Ќе растеме за толку за колку што можеме повеќе да придонесеме во заедницата.

Што подразбира управувањето со компанија која според перформансите и бројот на вработени е сериозно димензионирана? Кои се механизмите или тајните на ефективното и ефикасно управување со толку луѓе?

Милески: Тајни секако нема, а механизмите за ефективното и ефикасно управување  со секоја компанија не се ништо ново или непознато. Секако суштината е во правилно поставување на системот за управување и работа. И на оваа точка може да поставиме дилема кое е правилното или соодветното? Тоа пак директно зависи од поставените цели или ако сакате финалниот производ кој сака да го призведе секој ентитет. Но клучниот збор е секогаш надоградување на постоечкиот систем во секоја заедница. Во нашиот случај тоа е систем за стручност и систем за квалитет и секогаш ја применуваме тезата „проверката е повисока форма на доверба“. Во сé што работиме сé вложуваме максимално, ги анимираме сите расположиви стручни капацитети кои можат да придонесат за подобрување на нашето функционирање и потоа упорно ги применуваме и постојано ги контролираме дефинираните принципи.


За жал мал број од компаниите се водени од млади луѓе на менаџерски позиции, и тоа е успех за пофалба, во што е суштината на успехот? Дали од вашето искуство младоста значи бенефит или недостаток за компанијата?

Милески: Ако ги прашате моите родители сигурно нивниот одговор ќе се разликува од мојот, но сепак довербата за управување со компанијта ми е дадена и јас сум благодарен и решен да ја оправдам во целост.

Во мојот случај и бидејќи како што предходно истакнав станува збор за семејна компанија, за мене беше навистина предизвик да се наметнам како авторитет особено кај еден дел од вработените бидејќи ме познаваат од мал и јас израснав со нив. Сепак младоста значи енергија, генератор на нови идеи, ефикасност и оптимизам и јас навистина се обидувам да правам баланс помеѓу приватното и професионалното. Само со такви драјвери сметам дека бенефитот за компанијата е неминовен. Секако, не треба да се заборава искуството и минатиот труд на повозрасните, на претходниците, кои со својата мудрост и смиреност обезбедуваат рационалност во занесот на младите. Заради тоа јас секогаш користам прилика за моите идеи, планови и аспирации да се исконсултирам со поискусните и повозрасните пред да донесам финална одлука.

Кризата за жал оваа година сериозно влијаеше на бизнисот и тоа се одрази во голем дел од бизнисите.  Како би ја оцениле бизнис климата и бизнис окружувањето на нашата држава?

Милески: Нема да згрешам ако констатирам дека бизнис климата во нашата држава е слично како и здравствената криза „на респиратори“. Дополнително што секојдневното живеење ни е следено со разно разни рестрикции, вонредна состојба и сл. Секој на свој начин се обидуваме што полесно да преживееме на микро ниво, во нашето затворено опкружување, но со заедничка надеж дека наскоро оваа здравствена криза навистина ќе помине и полека ќе се враќаме кон времињата кога фунцкиониравме поинаку и подобро.

Кои се идните планови на среден рок и на долг рок?

Милески: На среден рок, актуелната здравствена криза или состојба наметнува вложување на сите капацитети во надминување на актуелните состојби и одржување на тековното функционирање на компанијата. Меѓутоа, на долг рок ќе треба да размислуваме за предизвиците на новата дигитална ера. Ќе треба сериозно да се посветиме на процена на ефектите од развојот на новите технологии и нивната имплеметација во нашата дејност, ќе треба да работиме на задржување на вработените за кои поради глобализацијата и евроатланските аспирации на нашата држава границите веќе нема да ги задржуваат во Македонија и секако ќе треба да размислуваме како да го прошириме портфолиото на нашиот бизнис со диверзифицирани услуги во и надвор од нашите државни граници.

С.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра