20 Декември, 2025
0.2204

Милетиќ со СДСМ ќе се бори против режимот

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 18:48

Добивај вести на Viber

И Српска напредна странка ќе коалицира со СДСМ со цел соборување на режимот. 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не гледа проблем во коалицирањето со лидерот на Српската напредна странка,  Драгиша Милетиќ.

Вели дека неговиот интерес бил „само рушење на режимот”. Заев објаснува дека Милетиќ не побарал ниту функционерско место. 

„Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење. Инаку уште еднаш ќе кажам дека овие дебати се повеќе од добредојдени“ - вели Заев.

Коалицијата со Милетиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. некои членови на партијата  јавно се оградуваа од одлуката за коалиција.  Тие се лути затоа што  Милетиќ му помогна на Стевче Јакимовски од ГРОМ да стане градоначалник со печат на неговата партија. Сметаат дека со тоа Милетиќ ја изиграл опозицијата. 

„Вистината е една, режимот ќе падне само доколку бидеме сите сплотени. На 12 декември да се разбудиме во слободна и демократска Република Македонија“- се вели во соопштението на СНСМ.

Потпишувањето за заеднички настап на престојните предвремени парламентарни избори со СДСМ и коалицијата е резултат на непочитување политички договор од страна на ГРОМ кон СНСМ, додаваат од партијата. 


Можеби ќе ве интересира

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него