30 Април, 2024
0.0262

МИЛИОНСКИ СУМИ ВО КЕШ: Зошто заглави АКТОР?!

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во 2014 година исплива аферата “Актор“. Тогашната опозициска СДСМ тврдеше дека преку фирмата која го гради патот Демиркапија – Смоквица се изнесувале милионски суми во кеш. Обвинителот Зврлевски тогаш за “Фактор“ изјави дека обвинителството нема само немо да го следи случајот „Актор“

“До нас сеуште не стигнато известување од овие две институции. Законски прво треба да реагираат овие институции, па потоа постапува Јавното обвинителство. Но доколку до крајот на следната недела не добиеме известување, тогаш ние ќе покренеме постапка за случајот по допрен глас“  изјави тогаш за „Фактор“ државниот јавен обвинител. 

Случајот сеуште нема разрешница во Македонија.

Грчките медиуми „Прототема“ и „Катимерини“ пишуваат дека Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) и напишала казна од 50 милиони евра на грчката компанија „Актор“ .

Причината а е измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница, а името на „Актор“ стана актуелно во 2014 година, кога СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра.

„Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица“, соопштуваат вчера од партијата на Заев. 

Вкупната инвестиција за изградбата на делницата од 28 километри е 257 милиони евра, од кои 130 милиони евра се средства од Европската инвестициона банка, 70-тина милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, 45 милиони се грант од ИПА фондовите на Европската унија, додека од државниот буџет се обезбедени речиси шест милиони евра. Вредноста на тендерот, односно на договорот со грчката компанија без ДДВ е 210 милиони или со ДДВ 248 милиони евра

Изградбата на Автопатот ја следеа многу контроверзи 

Медиумите во Грција објавуваа дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор,  за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирала случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани. 

-Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито  е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот  Еуроправда, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?