06 Мај, 2024
0.0256

Милошоски се налути што Џафери и Владата го заобиколија

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во Европа не постои парламент каде што се прескокнува Комисијата за надворешна политика за да се ратификува билатереален или меѓународен договор, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако од владата соопштија дека договорот за името со Грција е пуштен во Собранието со европско знаменце.


Антонио Милошовски e претседател на Комисијата за надворешна политика е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, но п
оради тоа што договорот е и во врска со членството на Македонија во НАТО, документот може да биде испратен и во Комисијата за Европски прашања, чиј претседател е пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Милошоски претседава со собраниската Комисија за надворешна политика, низ која требаше да помине договорот со Грција, пред да биде ратификуван на пленарна седница. Меѓутоа, со оглед на тоа што владата го означи договорот со европско знаменце, тој сега се „сели“ во Комисијата за европски прашања, со која претседава Артан Груби од ДУИ и каде што расправата ќе биде ограничена на максимум три дена.

Според Милошоски, на овој начин владата, во недостаток на аргументи за постигнатиот договор со Грција, ја злоупотребува, како што вели, својата позиција за да ја протурка ратификацијата во парламентот со што помалку расправа.

„Со тоа се изигрува процедурата за ратификација на договорот и се прескокнува матичното собраниско тело,  слично како што беше направено со Законот за употреба на јазиците. Такви  преседани не се случуваат во други парламенти. Доколку договорот одеше преку матичната комисија, расправата таму можеби ќе траеше два или, пак,  дванаесет дена..., ама барем ќе се слушнеа сите аргументи. На овој начин, пак, се оневозможува поиздржана расправа за договорот“, изјави Милошоски за „Независен весник“.

Ратификацијата на договорот  во парламентот е услов што треба да го исполнат македонските власти, за потоа грчката страна да ги извести ЕУ и НАТО дека е надмината најголемата пречка за продолжување на интеграцискиот процес на Македонија. Во овој случај, битно е тоа да се случи пред почетокот на самитот на Европскиот совет на крајот на месецов, со оглед на очекувањата нашата земја да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово