Милошоски: Владата спровела анкета, ама ги крие резултатите
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2018
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, наведе дека Владата споровела анкета за сликата околу тоа дали има расположение меѓу граѓаните за излезеност на најавениот референдум за прифаќање на договорот потпишан во Преспа.
- На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот, тврди екс министерот и актуелен претседател на комисијата за надворешна политика на Собранието, кој прашува зошто владата ги крие овие резултати.
“Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на
референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи)”, вели Милошоски кој во
неколку наврати беше избран за пратеник од битолскиот регион.