26 Април, 2024
0.1747

Милошоски: Заев ако не лаже, нека каже кој го снимал

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски го предизвикува претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да открие кој го снимал неговиот разговор кој самиот доскорешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ го објави вчера. 

Тој ја толкуваше аудио-снимката како мешање на поранешниот премиер во одлуките на судската власт. Милошоски на прес-конференција во неделата (23.02.) презентираше снимка и транскрипт од наводен разговор меѓу Заев, и како што тврди, едно лице опфатено со случајот „Рекет“ и уште едно непознато лице кој се одвивал во владата во мај минатата година.

„Кој лаже, тој и краде!

По однос на аудио снимката во која поранешниот премиер експлицитно признава дека се мешал во носењето на судските и обвинителските одлуки, Заев лаже дека истата ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата.

Овој заклучок може да се извлече од доставениот трснскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот "Рекет" и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година.

Но, доколку владата и/или обвинителството имаат воља да се дознае дали Заев лаже или не, тоа е многу едноставно. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та. Но, изгледа дека Заев нешто крие, а тој најдобро знае што крие и зошто лаже!“, искоментира Милошоски по вчерашниот демант на Заев.

Заев експресно демантираше дека на снимките признава оти диктирал судски одлуки.

„Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство“, изјави Заев во интервју за Прес 24.

Во транскриптот кој го презентираше Милошоски Заев е цитиран како говори за улогата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, за законот за СЈО и за различни правни аспекти на случаите кои тоа ги водело. Во еден момент, Заев наводно вели дека бил „близок со Јово“- поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“