Министерката Сореиде денес во Скопје
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019
Министерката
за надворешни работи на Норвешка, Ине Сореиде денеска ќе престојува во работна
посета на Македонија.
Според агендата, таа треба да оствари средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Како што соопштија од министерството за надворешни работи Сореиде и Димитров ќе разговараат за полноправно членство на земјава во Алијансата, како и за динамиката и развојот на македонско-норвешките билатерални односи.
Шефицата на Норвешката дипломатија за време на својата работна посета ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.Фото Твитер