Добивај вести на Viber
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оценува дека комбинатот „Југохром“ од Јегуновце има сериозен план како да ги исполни потребните еколошки стандарди за да обезбеди интегрирана еколошка дозвола во продолжениот рок што го доби од Владата.
Министерството во следните шест месеци внимателно ќе ја следи работата на фабриката и спроведувањето на оперативниот план, а доколку ветеното не се реализира, капацитетот ќе биде затворен, изјави Изаири при денешната посета на Тетово.
Тој побара и од општинските власти во Тетово да се ангажираат повеќе во борбата со загадувањето. Подолг период Тетово е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во Македонија.
Екологистите остро се спротивставуваат на новите продолжени рокови што ги доби „Југохром“ за кого сметаат дека е еден од најголемите загадувачи на градот.
Продолжувањето на рокот за „Југохром“ ќе заврши на Уставен