07 Мај, 2024
0.0264

Министерот Маричиќ: Влијанието на извршната власт врз судството е мистерија

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Мислам дека има многу повеќе мистерија околу целата таа работа, отколку што има какви било влијание, реално, на извршната власт во овој момент кон судството, вели во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за правда Бојан Маричиќ на прашањето дека впечатокот на јавноста барем се уште за судството е дека е корумпирано и дека е под влијание на извршната власт. 

„Ние очекуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да дејствуваат активно. Значи проактивно. Да ги вршат своите функции пропишани со новите закони за судски совет и совет за јавно обвинителство и да даваат конкретни резултати кои ќе бидат видливи во јавноста. Мислам дека ќе треба во тој дел на транспарентноста како што е трендот во другите институции да се зајакне и во судството и во обвинителството. Иако тие институции се традиционално можеби позатворени, но јас мислам дека веќе е време и сигурен сум, убеден сум дека тоа го разбираат и претставниците во судската власт да се комуницира со јавноста отворено, вели министерот.

Тој додава дека целта на отворањето на темата за филтрирање во правосудството, за прочистување во правосудството е да се носи одговорност за долгите судски постапки. 

„ Да се лоцира точно одговорноста за застарување на определени предмети, за погрешно постапување по определени предмети, за случаи на евентуална потенцијална корупција итн. Значи прашањето за одговорноста во правосудството и генерално во институциите е за нас централно прашање како влада и мислам дека е важно да сноси одговорност секој којшто ја злоупотребил на определен начин службената должност за да од некоја причина одолговлечи или, пак, од невнимание или, пак, од непрофесионално постапување застари или не донесе правилна одлука. Меѓутоа тоа е работа на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители и ние сакаме како Влада да обезбедиме само законска рамка, но исто така и програмска рамка за постапување на овие институции, додава Маричиќ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава