19 Мај, 2024
0.0406

МИНИСТЕРОТ МИЛЕВСКИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМПУПРАВА - не можевме да го смениме бидејќи немавме двотретинско мнозинство, советниците да не прават политикантство

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во изјава за ТВ Телма, открива дека Законот за локална самоуправа, во кој всушност во свечената изјава што ја даваат советниците, стои старото име на државата, Република Македонија, не бил променет затоа што Собранието не можело да обезбеди двотретинско, а дополнително и бандентерово мнозинство.

Потегот на советниците од опозицијата во Штип и Аеродром кои ја потпишаа свечената изјава со старото име, го оцени како политиканство, и ги повика да го почитуваат Уставот, затоа што Законот за локална самоуправа никогаш не може да биде над највисокиот акт во државата.

„Уставот на државата е тој кој мора сите да го почитуваме, сакале или не сакале. Законот за локална самоуправа се менува со двотретинско мнозинство во парламентот, дополнително со бадентерово мнозинство. Ова значи дека многу тешко, доколку нема политички консензус за ова прашање, е да се смени законот. Но, во секој случај, сите пратеници треба да бидат свесни дека сите закони треба да бидат усогласени со Уставот на државата, така што секое друго однесување, го сметам за некоректно. Ние како министерство размислуваме и за некои други измени во Законот за локална самоуправа, така што, можно е, во пакет да дадеме еден поширок спектар на измени на законот, кои се поврзани со децентрализацијата што планираме да ја имплементираме. Меѓутоа сепак, до сите советници во општините, можам само како министер да упатам апел да се почитува пред се Уставот, бидејќи и тие како избрани функционери даваат заклетва дека ќе го почитуваат уставот на државата, а сегашниот начин на нивна работа е само политикантсво и освојување на дневно политички поени и ништо друго“, вели Милевски. 

Деветмината штипски советници од СДСМ, пак, ќе чекаат да се коригира свечената изјава, па ќе ја дадат заклетвата на седница на Советот на општината.

Мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ, пак, ја искористиле некоригираната изјава и си ги дале свечените изјави.

Министерството за надворешни работи, пак, е загрижено по актот на советниците од Левица кои во општините Штип и Аеродром потпишаа свечени изјави со називот „Република Македонија“. 

МНР бара да се почитува Преспанскиот договор  и да не се нарушува меѓународниот углед на државата. Според Уставот, велат од таму, тоа треба да го почитуваат и локалните самоуправи.

„Министерството за надворешни работи, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Преспанскиот договор, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија“, реагира министерството.

Се повикува Министерството за локална самоуправа да реагира согласно надлежностите на овој ресор.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево