Министерот Николовски во Катар по инвестиции
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2017
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар.
Во текот на денешниот ден Николовски имал средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи а двајцата функционери разговарале за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.
Како што соопштија од кабинетот на министерот, Николовски се сретнал и со заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „ Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари, чија што основна дејност е насочена кон ивестирање во секој континент.
На средбата, биле претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна, а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така предмет на разговор меѓу двете страни била и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.
Во рамки на посетата, утре министерот Николовски, ќе има средба со министерот за земјоделство на Катар и со претстваници на државната „Катар Инвестмент Ауторити“, (основач на „ Хасад Фуд“), што важи за највиско тело во областа на инвестициите.