27 Април, 2024
0.0265

Министерство за транспорт не ги плаќало целосно субвенциите за железнички превоз на патници

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

И со промената на власта, Министерството за транспорт и врски, предводено од министерот Горан Сугаревски, не ги исплаќало целосо субвенциите за превоз на патници во железничкиот сообраќај, тврди државниот ревизорски извештај.

Министерството за транспорт и врски исплатило само 430 милиони денари за да функционира железничкиот превоз на патници во Македонија, иако според договорот со Македонски железници Транспорт, треба да ги покрие сите трошоци што не може да ги надополни јавното претпријатие за оваа намена.

За јавната патничка услуга минатата година биле потребни 760 милиони денари, а не 430 милиони колку што одобрил ресорот што го предводи Сугаревски од својот буџет. Тоа не било доволно да се покријат загубите на МЖ Транспорт кој од наплата на билети од патници заработиле само 50 милиони денари приходи.

„Ревизијата обрнува внимание дека со нецелосно субвенционирање на трошоците од патничкиот сообраќај како услуга од јавен интересза кои не се обезбедени приходи од превозникот во државна сопственост се доведува во прашање обезбедувањето на квалитетна услуга од јавен интерес - превоз во железничкиот сообрачај“, вели ревизорот.

Парите што ги платило министерството се помалку од една година претходно, односно во 2017 до МЖ Транспорт биле исплатени околу 460 милиони денари, што е рекорд забележан до сега, но сепак недоволно да се регулира домаќинското работење на јавното претпријатие. Повеќе пари за субвенционирањето биле дадени и во 2016, но од претходните години може да се забележи недомаќинскиот однос. Така, во 2014-та се исплатени само 240 милиони денари.

Македонски железници Транспорт е буџетски корисник кој е најзадолжен во цела Македонија со повеќе од 46 милиони евра или вкупно 2,8 милијарди денари по истекот на 2018-та година. Железницата постојано добива опомени кои во секој момент би се актуелизирале и би го довеле претпријатието да се справува со тужби и присилни наплати. 

Државниот ревизор заклучува дека министерството недоволно ја финансира и инфраструктурата во железницата. Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура од буџетото на овој ресор добило само 292 милиони денари и тоа по ребаланс. Законски, железничката инфраструктура треба да се финансира годишно со 0,3 отсто од годишниот државен буџет, односно со повеќе пари од издвоеното.

„Ваквата состојба има влијание на одржувањето на постојната железничка инфраструктура како добро од општ интерес на РСМ, а со тоа и постигнување на крајната цел создавање на услови за сигурен и безбеден железнички сообраќај“, се вели во ревизијата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра