27 Април, 2025
0.6079

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

Објавено во: Македонија 14 Март, 2025 14:29

Добивај вести на Viber

Министерството за животна средина ги повика граѓаните, пред утрешниот закажан протест, дека во нивна корист е да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци, каде ќе се селектира отпад од 18 општини, односно два региони.

Од таму велат дека „нема да биде големо финасиско оптеретување за граѓаните“ и дека досега се вложени големи човечки капацитети за отпочнување на изградба на овој систем за регионално управување со отпад.  Министерството смета дека одлуката за протестите е неоснована и дека граѓаните не се запознаени доволно со овој проект. систем за регионално управување со отпад.

- Значи, во поставувањето на регионалниот систем се вложени големи финансиски средства и човечки потенцијал и неопходно е еднаш за секогаш процесот да финишира и управувањето со отпадот да се изведува на начин согласно европските и светските стандарди.

Регионалната депонија е предвидено да биде изградена на девастирано/оштетено земјиште кое со ваквото искористување ќe даде бенефит и за населението и за животната средина. Студијата за регионалниот систем е во согласност со Директивата на ЕУ 2014/52/ЕУ за оценување на ефектите на одредени јавни и приватни проекти врз животната средина и со македонското национално законодавство, велат од министерството.

На депонијата ќе завршува до 50 отсто од отпадот што се генерира од сите општинии ќе заврши во инсталиции за преработка. Од министерството велат дека во моментов има стотици диви ѓубришта во Пелагонискиот регион и дека постоечката депонија во Мегленци е нефункционална.

-.Инвестициската структура за воспоставување на овој основен заеднички систем за управување со отпад за Југозападен и Пелагониски изнесува 30.1 милиони евра, средства кои не можат општините во регионите сами да ги обезбедат. Со овие средства ќе се финасира изградбата на регионалниот систем (регионалната депонија и претоварните станици (Дебар, Охрид и Прилеп), системи за складирање отпад, собирање кабаст отпад, затварање на нестандардната депонијата во Новаци (Мегленци); надзор над работатите за затворање на депонијата, изградба на нова депонија и изградба на трансфер станици и техничка помош. Исто така, со овој заем течат тендерски постапки за набавка на 83 возила за собирање на отпад,  54 908 канти од 120 литри и 1 164 контејнери од 1.1 м3. Дополнително ќе се набави и опрема за претоварните станици со 26 прес контејнери, 16 отворени контејнери, 8 камиони и 4 камиони за габаритен отпад. Владата донесе одлука за финасирање на нов пат кој ќе води до локацијата на регионалната депонија, кој нема да поминува низ општина Битола и општина Новаци, аргументираат од МЖСПП.


Можеби ќе ве интересира

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ РАКУВАШЕ СО МЕЛАНИЈА ТРАМП: Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ РАКУВАШЕ СО МЕЛАНИЈА ТРАМП: Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата