02 Мај, 2024
0.0263

Министерството за финансии објави јавен повик за волонтирање на студенти

Објавено во: Економија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии, врз основа на Програмата за волонтирање објавува јавен повик за за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за финансии.

Се повикуваат сите заинтересирани студенти запишани на прв и втор циклус на економски или правни студии да се пријават за волонтерска работа во Министерството за финансии и тоа:

Студенти запишани на прв и втор циклус економски или правни студии – 10 волонтери.

Волонтерската работа ќе се извршува од 20 август до 20 октомври 2017 година.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на е-маил адресата marija.mitevska@finance.gov.mk или aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk или лично во писарницата на Министерството за финансии на ул. „Даме Груев“ бр.12, со назнака „Јавен повик за волонтирање во Министерството за финансии“ со поднесување на следните документи:

- мотивационо писмо;

- кратка биографија со податоци за контакт (задолжително телефонски број, е-маил адреса и адреса на живеење);

- доказ за утврдување на статусот студент на економски или правни студии.

Рокот за доставување на документите e до 03.08.2017 година до 12:00 часот.

По истекот на рокот за аплицирање, сите кандидати кои уредно аплицирале, ќе бидат дополнително повикани на интервју. По завршување на постапката за селекција и рангирање, најуспешните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за финансии www.finance.gov.mk, од каде можат да добијат информации за надлежностите, проектите и делокругот на работа на Министерството за финансии.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија