08 Мај, 2024
0.0245

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: И во Арачиново плаќаат данок, ама на мафијата, а не на државата

Објавено во: Македонија 06 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска вели дека грешат оние што мислат дека очичните луѓе во Арачиново не плаќаат данок. Таа вели дека плаќаат, но не на државата, туку на мафијата.

„Тие кои мислат дека обичните луѓе од Арачиново не плаќаат данок многу грешат.

Тие плаќаат и некогаш и дупло повеќе, само што не плаќаат на државата туку на мафијата.

Тоа што државата дозволува постоење на мафија и не ги штити луѓето од неа е главниот проблем“, пишува Најчевска во својот пост објавен на фејсбук.

Како што е познато, градоначалничката на Арачиново, Милитие Халими, неодамна излезе со објаснување зошто оваа општина е единствена во Македонија што нема ниту еден денар собрано од данок на имот, и според неа, причина за тоа е што општината има голем број на дивоградби, за чии жители е тешко да ги легализираат.

„Општина Арачиново за жал има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот. Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови“, изјави Халими за 24 Вести.

Таа додава дека Арачиново е рурална општина и дека во минатото била запоставувана од претходните градоначалници и претходните влади.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава