26 Април, 2024
0.0305

Митко Јанчев бара избори во ВМРО-ДПМНЕ по примерот на СДСМ

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, синоќа во емисијата „Во центар“ најави дека ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ кога раководството на најголемата опозициска партија же може да се избира на непосредни избори со гласање на целокупното чќленство.

Според поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во моментов пракса е лидерот на партијата да биде избран или поставен од мала група луѓе и потоа тој да им биде должник и потоа да работи за нивните интереси. На овој начин, како што вели тој, партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена.

Инаку СДСМ вчера на 25.конгрес објави дека изгласана е промена во статутот, според која од сега па натаму, започнувајќи напролет кога му истекува мандатот на актуелното раководство, претседателот на владеачката партија ќе се избира непосредно со гласање на секој член.

- Како претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член на партијата со најмалку пет години работа во партијата или со поминат најмалку еден мандат во Централниот одбор како член со право на глас, објави Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

Заев оваа одлука за измена на статутот на владеачката партија ја оцени како „пионерска“.и пример за кој очекува дека наскоро ќе го следат и другите политички партии. Според Заев, критериумот опфаќа огромна бројка на членови кои ќе може да се кандидираат за прв човек на СДСМ.

- До сега можеше да се кандидра само една мала група на елита од врвот на партијата. Сега ќе можат тоа да го сторат членови од општинските сојузи, од руралните средини, додаде претседателот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“