18 Мај, 2024
0.0303

Мизрахи: Има решение дека Шкријељ работи незаконски

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дополнителната заменик-министерка свесно го опструира тековното работење на министерството за труд ис оцијална политика, обвини попладнево техничката министерка Рашела Мизрахи.Таа вели дека и понудила соработка за нормално функционирање на институцијата на Санела Шкријељ но дека таа, како што вели, со сеење страв, заплашување и уцени, се обидувала да го попречи извршувањето на работните задачи на вработените во Министертвото за труд и социјална политика.

„Вработените се во постојан стрес и страв поради заплашувањата кои секојдневно ги добиваат од дополнителната заменичка и поради тоа истите се плашат да соработуваат и да ги извршуваат своите редовни работни задачи. Непознавањето и непочитувањето на Законот за влада на Република Македонија дополнителната заменик-министерка Шкријељ го потврдува преку меил комуникацијата и преку незаконски и беспредметнни дописи до вработените во министерството. Таа злоупотребувајќи ја својата позиција и со доза на закана прави притисок врз вработените да постапуваат спротивно на закон, за што имаме и соодветни докази, вели Мизрахи.

Тврди дека се обратила до Државната изборна комисија за да предмети и тоа „Решение за формирање на Комисија за вршење на непосреден увид во исполнетоста на условите за отпочнување со работа и вршење на дејноста на приватна установа за деца- детска градинка и за Решение за распоредување и Решение за плати. Комисијата утврдила дека донесените решенија, не претставуваат акти илидокументи кои се однесуваат на правни, финансиски, кадрови прашања поврзани со организација на изборите од член 46 став 3 од Законот за Влада.


Со ова, се потврдува дека дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, НЕЗАКОНСКИ постапувала и го спречувала нормалното функционирање на Министерството за труд и социјална политика. Ги охрабрувам вработените, кои се докажани професионалци, да не се плашат и да не подлегнуваат на никакви притисоци а работните задачи да ги извршуваат без страв и притисок согласно закон, независно од политиката и да работат во полза на граѓаните на Република Македонија, вели Мизрахи.


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза