Млад Австриец гаси во Пехчево: Јас сум студент-волонтер, не сум како професионалец овде
Објавено во: Македонија 07 Август, 2021
Повеќето од пожарникарите од Австрија кои дојдоа вчера за да го гасат пожарот во Малешевијата се доброволци и не се професионални пожарникари, објави репортерот на „Сител“.
Еден од младите пожарникари во својата изјава рече дека е дојден како волонтер и дека всушност тоа не го работи професионално.
- Јас сум студент по безбедност и социјални мрежи. Овдека помагам затоа што сакам промени. Минатиот месец помагав во поплавите во Белгија, рече студентот.
Вкупниот број од австрискиот конвој во Македонија е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.