30 Април, 2024
0.0785

МЛАДИ ЛЕКАРИ - ќе бидат ангажирани на инфективните клиники за третман на болни од ковид

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска одржа средба со младите лекари, од кои 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19. Новите лекари ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно платена пракса. 

„Поголем дел од младите лекари, односно 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, веќе се пријавени за вработување во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, а паралелно со тоа веќе е обезбеден буџет за нивно ангажирање во здравствените установи. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност, што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа“, истакнува министерот Филипче.

На средбата беше посочено дека младите лекари веќе ја гледаат својата иднина во јавното здравство во нашата земја и активно учествуваат во креирањето на здравствените политики. 

„Со овие одлуки ги охрабруваме младите самите да преземат одговорност. Се стремиме да го подобриме системот заедно со сите предизвици со кои се соочуваме во моментов, а паралелно со тоа продолжуваме и со вработувањата. Во тек се и други активности кои ќе ја подобрат работата со пациенти, следење на новините во медицината и практичните искуства. Се разгледува и можноста за воведување тест со теоретско знаење, пракса и евалуација на личност, што во моментов го нема кај нас, а е потребно. Сето ова ќе придонесе за натамошно унапредување на статусот и условите за работа на младите доктори“ нагласува министерот Филипче. 

Со законската измена на законот за здравствена заштита, донесен во јануари, минатата година, за првпат се овозможи секој млад доктор, по стекнувањето лиценца, веднаш да влезе во системот на примарна здравствена заштита за работа со пациенти во рок од шест месеци со месечен надомест од 30.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени