19 Мај, 2024
0.0287

МЛАДИ ЛУЃЕ ЌЕ ДОБИЈАТ БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТА ПАЦИЕНТКА: Во тек е трансплантацијата на Клиниката за Урологија

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали. Благодарност до медицинскиот персонал од Клиниката за нефрологија и Клиниката за трансфузиологија кои ги подготвија младите пациенти кои ги примија органите. Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија, соопштуваат од Министерството за здравство.

Посочуваат и дека трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска.

Голема благодарност до болничките координатори од КАРИЛ и Неврохирургија кои ги водат пациентите во мозочна смрт и разговараат со смејството за можноста за донирање на органите, во тие најчувствителни моменти. Благодарност и до тимовите во Рентген институот, од Институтот за трансфузиологија, од Клиниката за нефрологија и Клиниката за кардологија како и тимовите за трансплантација од хируршките клиники и тоа Кликината за кардиохирургија, Урологија и Ортопедија, како и од приватната болница Жан Митрев. Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозчна смрт сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем, се наведува во соопштението.

Од Министерството за здравство посебна благодарност изразуваат на семејството на 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти.

Во изминатата една година во земајва се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“