14 Мај, 2024
0.0241

Младинската иницијатива S.H.A.R.E. од гимназијата Орце Николов од Скопје во акција – заедно во решавање на проблемите на младите

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„Што ми помогна да го пребродам проблемот“, ќе биде темата на изложбата која ќе се оджи на 27 мај, 2019 година со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.  Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваат проблеми на младите и начините на кои тие се справуваат со нив.

Изложбатае во организација на младинската иницијатива S.H.A.R.E. (Speak Honestly And Resolve Everything) кои ја покренаа десетина средношколци од гимназијата „Орце Николов“,во рамки на проектот “Вклучи се за промена” од здружението „Лидери за едукација“, активизам и развој (LEAD) и Агенција за млади и спорт.  

На овој отворен настан ќе бидат изложени фотографии, цртежи, поезија и други форми на изразување, преку кои младите ќе го презентираат својот начин на соочување и решавање на проблемот.  


Сите пристигнати творби на изложбата ќе бидат анонимни, за да се стави акцент на начинот на соочување и решавање на проблемот, наместо на личноста која се соочувала со истиот.

Организаторите на изложбата младинската иницијатива S.H.A.R.E.ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ја посетат.

Изложбата „Што ми помогна да го пребродам проблемот“, што ќе се одржи во понеделник на 27 мај 2019 во гимназијата Орце Николов од 19.00 часот, е една од активностите што досега ги реализираше младинската иницијатива S.H.A.R.E. Во насока на подигнување на свеста кај младите за поголема грижа за своето метнално здравје и успешно решавање на проблемите со кои се соочуваат, досега се организирани низа работилници и настани. На нив, младите преку симулации, студии на случаи и други форми работеа на подигнување на свеста за важноста на споделувањето на проблеми но и посетата на стручно лице.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН