Младите Французи живеат во сиромаштија
Објавено во: Свет 03 Декември, 2012 19:44
Младите се првите жртви на рецесијата, но сите не се погодени на ист начин. Првите со дипломи, кои колку толку ги заштитуваат, вторите без дипломи и кои ги демне сиромаштијата.
Во Франција 15 отсто од младите немаат завршено училиште, занает или немаат работа, додека 22,5 отсто од младите на возраст од 18 до 24 години се погодени од сиромаштија.
Нивниот број за пет години се зголеми за пет проценти, односно над еден милион млади се соочуваат со ситуација на голема сиромаштија.
Според бројките од заводот за статистика на Франција- ИНСЕЕ, стапката на невработеноста во 2011 година кај генерацијата на возраст од 15 до 29 години изнесуваше девет проценти за оние кои поседуваа диплома за завршено високо образование, 22 отсто за оние со диплома за завршено средно образование и дури 46 отсто кај оние без диплома.
Стапката на сиромаштијата беше 30 отсто за младите без диплома, наспроти десет отсто за младите со завршено високо образование (прагот на сиромаштијата е под 964 евра месечно).
При вработувањето, дипломата стана релативна предност, многу повеќе отколку пред дваесет години и останува една од најдобрата заштита против невработеноста.
Дипломираните се тие кои успеваат најчесто да добијат вработување на неодредено време 80 отсто кај младите меѓу 25 и 30 години. Интересно е дека сите дипломи заштитуваат и помогаат при барањето на работа и против сиромаштијата.
Можеби ќе ве интересира
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност




