Младо момче загина на патот Охрид -Ресен
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016
Младо момче загина во сообраќајна несреќа која вчера поплaдне се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид кај селото Срушје.
Се работи за С.П. (17) од село Ивањевци, Могила. Сообраќајката се случила околу 17 часот, кај селото Крушје. Во неа учествувале „југо“ со ресенски таблички управувано од Д.С. (20) и „пасат“ со ресенски таблички управувано од Љ.Д. (47). Возачот на „југото“ се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ресенската болница бил пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Охрид. Возачот на „пасатот“ поминал со лесни повреди.
На терен интервенирале и пожарникари кои го ваделе телото на починатото момче од смачканиот автомобил.
Увид извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.