07 Ноември, 2024
0.0335

Многу македонски жени патуваат со километри додека да стигнат до првото родилиште

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во многу македонски градови нема родилишта, и затоа трудниците се принудени да патуваат до соседниот град или дури и подалеку за да се породат.

Така жените од Крива Паланка мораат да се породат во Куманово, или евентуално во Скопје, од Дојран во Гевгелија, од Делчево во Кочани, од Крушево во Прилеп или Битола. За жените од помалите места ова е сериозен проблем. Сметаат дека секој град треба да има родилиште, со што маките на трудниците ќе им се скратат.

„Крива Паланка нема родилиште, има само два приватни гинеколози кои работат со Фондот. Родилките ги праќаат во Куманово или Скопје, почесто одат во Куманово. Јас се породив во Куманово, но не сум задоволна од односот, хаос е. Имам лошо искуство. Сите жени од кај нас што се породуваат во Куманово, фаќаат врски, но и за врски е тешко. Катастрофа. Секаде фалат анестезиолози, и да се побунат жените велат нема кадар, не се постигнува“, вели млада мајка од Крива Паланка.

Од Крива Паланка до Куманово има 62.8 км или еден час возење со автомобил.

Oд Делчево до Кочани има педесетина километри. Ништо полесно не им е и на жените во Крушево. До Прилеп имаат 33 км или 40 минути возење.

„Прво Крушево нема гинеколог, еден обичен преглед, едно обично ехо мораш да го направиш во Прилеп или Битола. Матичниот гинеколог мора да ти биде таму. Еве јас одев во Битола, барем еднаш месечно мораш да направиш преглед. За крвна слика ти треба упат од гинеколог, последниот месец еднаш неделно да направиш ЦТГ. Прво тоа е малтретирање, а да не заборавиме дека е финансиско оптеретување. Секое одење до Битола е најмалку 2.000 денари, а да не заборавиме во август на 30 степени или на -10 во јануари како тоа изгледа. И ајде да речеме дека сите имаме сопствен превоз, но имам сосетка која го нема тој „луксуз“ па мора да чека превоз до Прилеп, кој станува сè поредок, а до Битола нема редовна линија. Замислете како изгледа бремена жена во 8 месец да чека комбе во август, кое е преполно. Јас имав среќа, едното дете ми е родено во април, другото во октомври, но што ако требаше да се пораѓам во јануари, на 40 цм снег, како пред две години со завеани патишта и температура од -25 степени“, вели граѓанка на Крушево.

Таа порачува дека предизвик е да се роди и расте дете во Крушево. Друг сериозен проблем е што нема педијатар во градот. 

Oд Министерството за здравство велат дека на секундарно ниво во рамки на ЈЗУ функционираат гинеколошко акушерски одделенија во: Општите болници: Велес, Прилеп, Охрид; Струга,Струмица, Гостивар, Куманово и во 4-те општи болници со проширена дејност: Кочани, Гевгелија, Кавадарци и Дебар, како и во Клиничките болници во: Штип, Битола, Тетово, како и Специјална болница за гинекологија и акушерство во Чаир "Мајка Тереза", а на  терциерно ниво во рамките на УК за гинекологија и акушерство-Скопје.

Согласно анализите и проценките на Комитетот за безбедно мајчинство, кој е во рамки на МЗ, во периодот што следи ќе биде направена стручна проценка, согласно која ќе бидат дефинирани наредните чекори за унапредување на оваа област, велат од Министерството за здравство. 

Претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ со кампањи и парична помош сакаше да ги мотивира граѓаните да чуваат повеќе деца, но тоа не вроди со плод. Во земјата се намалува бројот на новороденчиња. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo  21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во  споредба со минатата година, е намален за 5.4%. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

„ПОБЕДАТА НА ТРАМП Е ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН НАЈДОЛНАТА ЛИНИЈА ВО РАЗВОЈОТ НА СВЕТОТ ВО 21 ВЕК“: Најчевска не е задоволна со изборот на американски претседател

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СИТЕ БАЈДЕНОВЦИ СЕ СЕГА ТРАМПОВЦИ“: Ванковска за денешната победа на поранешниот претседател на САД „останува Империја на хаосот“

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

„СЕКОЈ МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ“: Тошковски најави нови кривични пријави за злоупотреби во институциите

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИБАВУВАЛ И НУДЕЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ АПЛИКАЦИИ: жител на Велешта доби притвор

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани две жени во Скопје, а син истепал татко во Пробиштип

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

Судскиот совет ја избра Анита Јораданова за в.д. претседател на ОС Берово - претходно ја избра за апелационен судија

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

„ВРЕМЕ Е ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ДА ГО НАУЧИ ДЕЛОВНИКОТ“: Град Скопје со остра реакција

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава

НАЧАЛНИК ЈА КОРИСТЕЛ ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ПАТАРИНА: Полицијата му поднесе кривична пријава