18 Мај, 2024
0.0369

МНР: Нема повредени Македонци во Грција при невремето

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Според информациите кои МВР ги добива од своите колеги во Грција засега нема пријави за повредени или настрадани Македонци во текот на силното невреме кое предизвика поплави на делови од Халкидики.

Интензивните врнежи што вчера (17 јули) ја погодија северна Грција, особено вториот крак (Ситониа) предизвикаа поплавување и неможност за движење на патиштата, пред сè на патот Лариса-Кожани, како и поголеми проблеми во туристичките места на вториот крак (Торони, Порто Куфо и Тристиника), каде беа поплавени паркирани возила и заглавени туристи, во близина на плажата Торони. По добиените инфомации за заглавени туристи, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун веднаш стапи во контакт со грчката пожарникарска служба и туристичката полиција, од каде беше потврдено дека се работи за група српски туристи кои се евакуираат, соопшти Министерството за надворешни работи. 

Во текот на вчерашниот ден, МНР информира дека во координација со Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун, отвори дежурни телефонски линии кои се уште достапни за потребите на македонските државјани за помош и информација. 

„На дежурната телефонска линија во Канцеларијата во Солун, досега се јавиле вкупно десет лица, а во МНР се јавија три лица - воглавно родители кои бараа известување за состојбата на нивните деца и роднини кои се на летување во Грција, се јавија и граѓани кои бараа совет за нивните паркирани и поплавени патнички возила.

Исто така, Канцеларија во Солун доби барање за информација (по е-меил) за состојбата на македонски државјани во кампот Каламици, по што вечерта на 17 јули како и денес, беше контактирана управата на кампот, при што беше потврдено дека ниту еден човечки живот не е загрозен. Во моментов, во кампот има електрично напојување, се прават напори да се добие и топла вода, додека патот е прооден. Паралелно, колегите од Канцеларијата во Солун стапија во контакт со наши државјани во кампот и ги инфомираа за состојбите“, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи вели дека и понатаму ги следи состојбите во Грција преку Канцеларијата во Солун, кои се во постојана комуникација со надлежните грчки власти.

„Во моментов се прават напори да се санираат штетите и да се испумпа водата во Торони и Порто Куфо, како места кои беа најсилно погодени од невремето. Грчките власти немаат евидентирано македонски државјани кои се повредени, исчезнати или се во опасност заради поплавите, значи според инфомациите од грачките власти македонските државјани се безбедни“, се наведува во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза