07 Мај, 2024
0.0297

Могерини ќе се смирува со Иванов

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини, утре ќе престојува во Скопје и ќе има средби со македонскиот државен врв, меѓу кои и со претседателот Ѓшрѓе Иванов, со кого минатата година имаше „славни дуели“ околу доделувањето .на манадатот за формирање на новата влада.

Могерини ќе има средби и со премиерот Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Минатата година во април Иванов откако ја избегна средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, се очекуваше дека истото ќе го стори и со Могерини, но во последен момент во јавноста излезе информација дека ќе седнат на маса. Веднаш по средбата кабинетот на шефот на државата соопшти дека тој нема намера да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да формира влада, бидејќи земјата е загрозена од т.н. Тиранска платформа. Могерини си замина со големо разочарување.

Претходно во март истата година таа го повика претседателот да ја повлече одлуката и да му го додели мандатот за состав на влада на Заев.

– Разговарав со Иванов и го замолив да ја преиспита и да ја повлече одлуката, и да го додели мандатот на оној кој обезбедил парламентарно мнозинство затоа што тоа стои запишано во вашиот Устав – рече Могерини и порача дека ЕУ очекува Македонија набрзо да се врати на патот на евроинтеграциите.

Нагласувајќи ја комплексноста на државата и ситуацијата, таа повика да се избегнува разгорување на меѓуетнички конфликти.

Инаку владината прес-служба соопшти дека Могерини и Заев денеска ќе ја посетат Турската чаршија.

Од Кабинетот на Могерини соопштија дека на средбите ќе се разговара за иднината на односите и перспективата на интеграција на земјата во ЕУ. Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција