17 Мај, 2024
0.0294

МОЈА ИДЕЈА! МОЈ БИЗНИС! Го разбуди претприемачкиот дух кај младите од пелагонискиот регион!

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

„Изразениот интерес на младите во ваквите програми само ја потврдуваат нашата доверба во нивниот претприемачки потенцијал, па и во иднина ќе ги разгледуваме можностите за помагањенапроекти за развивањето на претприемачкиот дух и вештини кај младите“, истакна Анита Блажевска, Менаџер за Корпоративни прашања во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

Моја Идеја! Мој Бизнис! го разбуди креативниот претприемачки дух кај младите од Пелагонискиот регион. Со учество млади претприемачи со 40 интересни бизнис идеи, започна реализацијата на Програмата што ја спроведува CEED Македонија, со целосна финансиска поддршка од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

На Економскиот факултет во Прилеп минатата недела веќе се одржаа и првите две обуки од првиот модул на Моја Идеја! Мој Бизнис! преку кој учесниците се запознаа со техниките како да ги задржат постоечките клиенти и како да дојдат до нови потенцијални потрошувачи. За време на сите модули, како предавачи и тренери ќе учествуваат реномирани професионалци, бизнисмени и сопственици на компании кои ќе споделат свои професионални и лични искуства во водењето на бизнисот. Шестмесечната програма предвидува пет еднодневни модули на кои ќе се презентираат техники за развој на бизнисот и подобрување на претприемачките вештини.

„Пријатно сме изненадени од заинтересираноста кај младите да ги претворат своите бизнис идеи во сериозен бизнис проект. По периодот за интервјуа на апликантите, администраторот на Проектот, CEED, одбра 40 бизнис идеи од млади претприемачи од Пелагонискиот регион, што ветуваат потенцијал и можност за реализација. Спроведувањето на оваа Програма е од особено значење за учесниците, бидејќи преку модулите на обука тие ќе научат важни вештини како ефикасно да настапат во остварување на своите бизнис планови на пазарот. Изразениот интерес на младите во ваквите програми само ја потврдуваат нашата доверба во нивниот претприемачки потенцијал, па и во иднина ќе ги разгледуваме можностите за помагање на проекти за развивањето на претприемачкиот дух и вештини кај младите“, истакна Анита Блажевска, Менаџер за Корпоративни прашања во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.

Со спроведување на проектот Моја Идеја! Мој Бизнис! се очекува да се отворат нови можности за работа кај младите, а со тоа и да се зголеми економскиот и општествениот развој во Пелагонискиот регион. Како дополнителен стимул за учесниците, Програмата предвидува доделување на еднократен, неповратен грант од по 2.000 американски долари за најдобрите пет проекти. Исто така, најдобрите пет студентски проекти ќе бидат наградени со по 500 американски долари поединечно, кои ќе можат да ги искористат или како првична поддршка за реализирање на бизнис идејата или за финансирање на понатамошните студии.

Можеби ќе ве интересира

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура