02 Јуни, 2024
0.0631

Моќта на целото зрно

Објавено во: Мои пари 03 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Во брзиот и динамичен свет во кој живееме, одржувањето здрав начин на живот е поважно од кога било. Помеѓу различните трендови во исхраната, водечкото место го заземаат целото зрно и интегралните житарки кои играат клучна улога во подобрувањето на општиотживотен стил, овозможувајќи голем број здравствени придобивки.

Производите од 100% цело зрно се вистинско природно богатство на храна (есенцијални хранливи материи, јаглехидрати,витамини, минерали и диететски влакна), што даваатподдршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден.

“Изобилството од растителни влакна во лебовите од цело зрно, придонесува дигестивниот тракт добро да функционира и да се има подолготрајно чувство на ситост. Луѓето кои во своето дневно мени за исхрана ги вклучуваат ваквите лебови, полесно ја одржуваат и регулираат својата тежина. Една од главните карактеристики на лебот од цело зрно е и што претставува извор на витамини и минерали што се неопходни за здраво и витално функционирање на организмот. Ваквиот леб помага да се одржи константно ниво на енергија по неговото консумирање, како и намалување на количеството на нездрави масти во телото”, вели доктор Валентина Павлова, Редовен професор на Факултетот за Нутриционизам.

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, од неодамнаја прошири својата палета производисо лансирањенановитеинтегрални лебови произведени од 100% цело зрно.Кафеавата боја на лебовите потекнува од обвивката на пченичното и јачменово зрно без додаток на вештачки бои. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија.

Интегралниот леб - 100% цело зрно со ‘рж

Овој леб, направен со комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно претставува богат извор на диететски влакна и е вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци, тој е природен извор на витамин Е. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот.

Интегралниот леб - 100% цело зрно со семиња

Овој леб е направен од интегрално пченично брашно со додаток на сончогледово семе, семе од тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија и чувство на ситост. Ваквиот состав го прави овој леб совршен дел од здравата и балансирана исхрана.

И покрај сите квалитетни состојки кои им даваат висока нутритивна вредност на овие лебови тие се меки, вкусни и одлично се комбинираат во сите оброци, со секој тип на храна.

Пронајдете го идеалниот вкус во маркетите близу вас, и почувствувајте ја моќта на целото зрно уште од првиот оброк!

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи