06 Мај, 2024
0.0261

МОЛНУПИРАВИР, ЕДИНСТВЕНИОТ ЛЕК ПРОТИВ КОВИД ГО НАБАВУВА И МАКЕДОНИЈА: Колку ќе чини и за кого е наменет?

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Дали наскоро ќе има промена на играта на глобално ниво со пандемијара на корона вирусот? Откако фармацевтскиот гигант Мерк го разви лекот против ковид-19 за кој студиите покажуваат дека може да спречи смртен искод, како и потешки облици на болеста, експертите сметаат дека можеби ова достигнување конечно ќе ја сузбие пандемијата. Иако станува збор за експериметален орален препарат и одобрувањето од страна на Американската агенција за храна и лекови (ФДА) се очекува да се добие во наредните неколку денови, дел од земјите веќе склучија договори со компанијата Мерк и нарачуваат одредени количества.

И македонските здравствени власти вчера известија дека Министерството за здравствостапило во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и дека за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Посочуваат дека лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Во разговор за Фактор, универзитетскиот професор, д-р Никола Пановски, посочува дека станува збор за антивирален лек,а резултатите од досегашните клинички испитувања покажуваат дека во раните фази на болеста, ризикот од хоспитализација или смрт на пациенти склони кон тешка инфекција е намален за повеќе од половина, и помага и на вакцинирани и на невакцинирани против корона вирусот. Сепак, како што вели, во зависност од цената, приоритет би имале помладите со некакви коморбидитети, како и повозрасните граѓани со хронични заболувања, кои се ризични групи и кај кои многу полесно можат да настапат сериозни компликации поради инфекцијата со вирусот.

-Во некои држави го даваат на млади луѓе  кои имаат предозпозииции да добијат најтешка форма на болеста, односно имаат и друг коморбидитет, на пример дијабетес или со некоја срцева мана, поради кој може да настанат сериозни компликации поради ковидот. Исто така го даваат и на повозрасните кои имаат симптоми, кај кои исто така е многу поверојатно дека ќе се развие тешка клиничка слика. Ако не може да се даде на сите пациенти кои се позитивни, поради цената, ќе мора да се прави селекција на кои позитивни пациенти да се даде, што е навистина многу тешко, посочува професорот Никола Пановски за Фактор.

Што се однесува пак до третманот на пациентите, станува збор за четири таблети од 200 милиграми, два пати на ден, пет дена по ред. Испитувањата покажуваат дека антивиралниот лек дава најдобри резултати ако третманот започне во првите пет дена од инфекцијата, бидејќи создава генетски мутации кои ја инхибираат понатамошната репродукција на вирусот во човечкото тело. Освен тоа, клиничките студии покажуваат дека лекот досега нема забележано речиси никакви несакани ефекти.

Иако, официјално се уште не е соопштена цената, фармацевтската компанија Мерк веќе има потпишано договор со американската влада за дури 1,7 милиони кутии Молнупиравир по цена од 700 долари за кутија лек.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува