19 Мај, 2024
0.0260

„Мона Лиза на авганистанската војна“ - уапсена

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Aвганистанката со големи зелени очи, која стана позната ширум светот, откако списанието „Нешнл џиографик" ја објави во 1985 година на насловната страна,  е уапсена во Пакистан за измама, пренесе ДПА, повикувајќи се на пакистански официјални претставници.

Шарбат Гулаш, чија слика, дело на фотографот Стив Макари, го доби прекарот „Мона Лиза на авганистанската војна", била приведена во нејзиниот дом во северозападниот пакистански град Пешавар. Гулаш е обвинета дека се обидела да добие пакистанско државјанство преку фалсификувани документи. Ако вината  биде призната, таа може да биде осудена на седум години затвор.

Истрагата против Гулаш се води од Федералната истражна агенција на Пакистан - служба, која се занимава со случаите на измама. Директорот на агенцијата Имран Шахид изјави дека агенти извршиле претрес во домот на Гулаш и откриле во него и пакистански и авганистански документи за лична идентификација.

Семејството на Гулаш бега од Авганистан во Пакистан заедно со илјадниците авганистански семејства во времето на советската инвазија во 1979 година. 

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела