20 Декември, 2025
0.0538

МОСТ: Хрватите ја добија својата Сириза?

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 08:02

Добивај вести на Viber

Мост независна листа (МОСТ) е политичка партија која е создадена кон крајот на 2012 година во Метковиќ, Р.Хрватска. Мост независна листа како политичка платформа основана е претежно од млади луѓе јои никогаш немале активно учество во политичкиот живот. Меѓутоа, се работи за луѓе кои беа општествено ангажирани во други подрачја, особено во здружени граѓански инцијативи. Прв претседател е доктор Божо Петров. Избори 2013 На првите локални избори на кои учествуваа во 2013 година, освоија 46,25% гласови и со 9 од постоечките 17 советнички мандати добија мнозинство во Градското собрание во градот Метковиќ, и тоа на избори со најголема излезеност во цела Хрватска од 67,49%, а претседателот на партијата др. Божо Петров со освоени 45,78% гласови влезе во вториот круг на изборите за градоначалник на Метковиќ, каде за противкандидат тогаш го имаше градоначалникот Стипе Габриќ. Во вотриот круг повторно Метковиќ беше во врвот според одзивот (66,06%), а др. Божо Петров ја презеде градоначалниката позиција освојувајќи 67,94%. Освен градоначалник, Мост доби и двајца заменици Катарина Ујдур и Никола Грмој. На истите избори освоија 9,97% гласови во жупанијата и со тоа станаа трета партија според бројот на гласови во собранието на Дубровачко - Неретванската жупанија. Мост на Петров - вистинска граѓанска политичка опција Петров го победи Габриќ на локалните избори во 2013, кој беше градоначалник цели 16 години. Веднаш по преземањето на должноста, Петров ги скрати своите примања и оние на градската управа на минималец. За седум месеци долгот на градот го намалил за 36%. Замениците на градоначалникот работат волонтерски, советниците симболично добиваа по 1 куна секој месец, трошоците за репрезентација се намалени 10 пати, а патните трошоци 8 пати. Подоцна, откако го преполовил градскиот долг, Петров ги зголемил платите на градската управа, но тие останале 30% пониски во однос на моментот кога ја презел градоначалничката должност. Мост - клучна фигура на последните парламентарни избори во Хрватска Партијата МОСТ, која на парламентарните избори во Хрватска излезе со независни кандидатски листи, го освои третото место по број на мандати во хрватскиот Сабор. Мост е најголемото изненадување и партија пебедник, коментираат и западните и регионалните медиуми, бидејќи ниедна од партиите фаворите (СДП и ХДЗ) нема да може да состави влада без нив. На изборите во Хрватска, на кои што за прв пат се гласаше по нов модел на т.н. преференцијално гласање (хрватите за прв пат годинава имаа можност да избираат точно која личност сакаат да биде во Праламентот.), најмногу гласови освои коалиција на ХДЗ (59 мандати) и СДП (56, според неофицијалните резултати), но на прво место во анализите се 19-те мандати на МОСТ или т.н. независни листи на Божо Петров, популарниот градоначалник на Метковиќ. За формирање влада, според хрватските закони, потребни се 76 мандати, кои ниедна од партиите ги нема сама. Лидерот на Мост, градоначалникот на Метковиќ Божо Петров така преку ноќ стана национален херој и многумина го гледаат и како иден премиер. „Ќе се занимаваме со јавното, а ќе заборавиме на приватното и не смееме да ги предадеме или изневериме нашите гласачи“, рече Петров. Аналитичарите предупредуваат Во пресрет на можниот расплет на напнатата постизборна атмосфера во Хрватска, аналитичарите Жарко Пуховски и Анџелко Милардовиќ предупредуваат дека постои реална опасност двете најголеми партии СДП и ХДЗ да се обидат да го срушат единството на најголемото изненадување на изборит во Хрватска, Мост. Претседателот на Мост, Петров во интервју за Ал Џезира остана на ставот дека не сака да коалицира со СДП и ХДЗ, но порача дека на Хрватска и се потребни промени. Петров: прва реформа во јавната администрација Божо Петров, лидерот на Мост, сепак остварил телефонски контакти со лидерите на СДП и ХДЗ и најави дека во текот на оваа недела ќе оствари средби со нив..Тој изјави дека првата реформа која може веднаш да се спроведе е реформа на јавната администрација, односно дефинирање на критериумите за вработување, воведување професионален менаџмент, односно дефинирање на платата по учинок, можност која денес ја нема. Државата има многу вработени во јавниот сектор кои не се потребни, така што ќе има откази. Програма на Мост Слоганот на Мост е „биди поврзан, а не врзан“. Главни цели во програмата на Мост (припаѓаат на центарот) се пораст на БДП со над 4% годишно, значајно зголемување на вработеноста, ресуверенизација на монетарниот систем, намалување на јавниот долг, реформа на јавниот сектор, реформа на даночниот систем итн.. Клучни фигури на Мост Освен др. Божо Петров, актуелниот градоначалник на Метковиќ, значани личности се Иван Ловриновиќ економски експерт, професор, поранешен декан на Економскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Критичар на пристапите на ХДЗ и на СДП кон економските, и особено монтарните прашања.. Драго Пргомет, исто така доктор дологогодишен член на ХДЗ, но поради несогласувања со претседателот на ХДЗ, Томислав Карамарко, Пргомет поднесе оставка на партиската функција заменик претседател и ја напушти партијата. Во септември годинава се приклучи на Мост..

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај