17 Јануари, 2025
0.0291

„Мостот на желбите“ во Охрид се спаси од уривање до наесен

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

„Мостот на желбите“, кој ги спојува населбите Сараиште и Канео во стариот дел на Охрид, за денеска беше предвидено да се урива. Уривањето беше закажано за 10 часот, но сепак не се реализираше, откако група граѓани се спротивставија на уривањето. Притоа беше побарана и интервенција од полицијата, која ја обезбеди локацијата, но сепак мостот не беше урнат. Градските власти во последен момент донесоа одлука уривањето да го одложат за наесен, по крајот на туристичката сезона. „Мислам дека најдовме заедничко решение кое ќе ги задоволи сите во овој момент. Уривањето на мостот се одложува се до оној момент додека не се пристапи кон реализација на проектот што го има изготвено локалната самоуправа за изградба на пешачка патека на крајбрежјето. Во интерес на туристичката сезона и во интерес на жителите од овој дел од градот дојдовме до заедничко решение да се одложи уривањето со тоа што техничките служби на Општината уште веднаш ќе излезат на терен да ја констатираат состојбата со цел да се отстранат сите неправилности и во најкратко време да се санираат за да нема несакани последици“, изјави Димитри Пендовски концесионер на плажата Потпеш, која со овој мост се поврзува со централното градско подрачје. Одлуката за уривање на мостот, кој инаку е донација на бизнисменот Велија Рамковски, беше донесена затоа што истиот бил дивоградба, изграден без проект и без надзор и нема технички прием пред да се предаде во функција. Од локалната самоуправа велат дека мостот е опасен за минувачите затоа што на него паѓаат камења од околните карпи. Дополнително, неодамна на него бил надодаден уште еден дивозиграден крак до скалите на Долни Сарај. Сепак, за жителите на населбата Канео тој е неопходна врска, затоа што без него мораа да се качуваат до црквата Канео за да се спуштат до нивните домови или со кајче да одат до центарот на градот. Тие потпишаа и петиција до градоначалникот да го остави мостот, за кој своевремено бизнисменот Рамковски го доби највисокото општинско признание - Светиклиментовата награда.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби