МОТИВИТЕ УШТЕ НЕ СЕ КАЖУВААТ: Вака внукот ја избодел бабата во Драчево
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2018
Дваесет годишното момче кое пред два дена си ја уби бабата во скопско Драчево заврши во притвор.
ОЈО побара притвор а судија му додели 30 дена откако е востановено дека се исполнети законските основи.
30 дена ќе биде во притвор 20-годишното момче бидејќи надлежните органи преценија дека осомничениот може да избега или да го повтори делото.
Истрагата е во тек а осомничениот ќе се гони за убиство бидејќи со умисла и го одзел животот на својата баба . Како што соопштија од ОЈО , момчето и нанело неколку убодни рани со нож а потоа во пределот на вратот и нанел засецна рана која била пресудна за смртта.
Осомничениот убиец во полиција се пријавил сам .