Може ли јавен обвинител да се избира на непосредни избори?
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве и со предлог – Јавниот обвинител да го избираат граѓаните на непосредни избори. Ова би било реформско решение наместо партиите да се договараат кој би бил јавниот обвинител.
Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека едно вакво решение треба добро да се разгледа, затоа што тоа би значело кандидатите да се промовираат во јавноста пред изборите, а за што ќе им биде потребна партиска поддршка и спонзорство, а со тоа и непосредниот избор на обвинителот би се исполитизирал.
Партиите не се договорија за Законот за јавно обвинителство.