18 Мај, 2024
0.0339

МОЖЕШЕ ДА ИСПЛАЌАМЕ И РАЗЛИКИ - Премиерот најавува нов закон за плати, нема одлука за платите на функционерите

Објавено во: Македонија 06 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Доколку Уставен суд го поништеше членот за пресметка на платите на функцинерите, државата ќе имаше обврска да им исплати на сите функционери и разлика меѓу палтата која ја добиле и онаа која требаше да се добива согласно сегашната пресметка. Ова ќе значеше дополнително поголеми трошоци за државата, посочи премиерот Димитар Ковачевски, кој повторно се осврна на темата платите на функционерите кои деновиве драстично се зголемија по одлуката на Уставен суд да укине дел од законските одредби. 

- Веќе имаме одговор до медиумите по однос на одлуката од Уставниот суд со која се укинуваат одредби со кои се ограничуваат платите на функциониери и треба да се почитува бидејќи одлуките на Уставен суд се конечни. Но, тоа не значи дека ќе се зголемат платите за сите и тоа во висина која се споменува, тоа се шпекулации.

Досегашното замрзнување беше став на Владата, и истиот е бранет како став пред Уставниот суд. Владата остана на своето мислење, како и и претходно, да останат платите како што се... Но одлуките на Уставен суд, јас како претседател на Владата не смеам да ги коментирам. Мора да се почитуваат одлуката на Уставен суд како највисок орган... Доколку Уставен суд ги поништеше членовите, тоа ќе значеше, сите именувани функционери, ќе треба да им се испалтат и разликите во плата во изминатите години, што ќе чинеше дополнителни 100 милиони евра од буџетот, што се дополнителни трошоци - укажа премиерот.  

Дополни дека Министерството за труд и социјала со своите обраќања до Уставен суд барало да се зачува решението, што е знак според него дека остануваме на ставот на Владата за задржвуање на платите.. 

- Владата работи, и тоа веќе го најавивме, на нов закон за плати, со кој ќе се стави конзистнтност за сите функционери во земајва. Бидејќи денес имаме неконзистентност, имаме регулаторни тела, агенции, кои пресметуваат плата по други ... и нивните се поголеми од платите на пратеник на Собрание, и се работи заедно со синдиактите на нов општ колективен договор кој ќе ги дефинира платите и на работниците. 

Сега и минималната и просечната плата, и висината на пензијата, е на највисоко ниво досега, и ние и понатаму ќе работиме на раст на платите и на пензиите - посочи Ковачевски. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада