Можно ли е Јанева деновиве да излезе од Шутка?
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2019
Во наредните неколку дена ќе се знае дали поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева ќе излезе од Шутка и ќе оди во домашен притвор.
Вишото јавно обвинителство во новата работна недела ќе даде мислење на надополнетата жалба на адвокатски тим на поранешната специјална јавна обвинителка, Јанева. Тие веќе се изјаснија дека со завршената истрага отпаѓа можноста за влијание врз доказите па очекуваат судот да и го укине притворот и да определи поблага мерка за Јанева.
Таа е уапсена на 21 август како третоосомничена во случајот „Рекет“.
На 23 месецов беше соопштено дека истрагата за „Рекет“ е завршена.
Зоран Милевски Кичеец веќе во домашен притвор, а Бојан Јовановски кој исто така е осомничен за случајот, е во Шутка.