Му дал пари за да гласа за кандидат за градоначалник
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017
Случај на поткуп на гласач имало во Росоман, дознава Фактор од свои извори.
По пријава на Г.В. (40) од Росоман, денеска во Полициска станица Кавадарци е повикан на разговор М.Д. (37) од Росоман поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело предвидено во член 160 став 1 од Кривичниот законик на РМ „Повреда на слободата на определување на гласачите“.
Според пријавата на пријавителот, М.Д. му дал пари на Г.В. (40) од Росоман во замена за неговиот глас за кандидат за градоначалник на Росоман.