18 Мај, 2024
0.0273

МУ СЕ ЗАКАНУВА ЛИ ВОЕН ПУЧ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Екс генерали и војници во писмо го нападнаа Макрон

Објавено во: Свет 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Група високи офицери во отворено писмо тврдат дека претседателот на Франција не може да запре распаѓање на општеството спроведено од исламисти

Франција ја потресе најсилниот политички земјотрес во последните неколку години откако група од 20 пензионирани воени генерали потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон! 

Уште 80 поранешни високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што дополнително му дава тежина на отвореното писмо.

Целта е да се спречи граѓанска војна

Тие наведуваат дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Писмото е објавено во десниот магазин „Валер актуел“ и во него отворено се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.

Битка над сите битки - Поддршка за Марин ле Пен

Марин Ле Пен испрати порака до пензионираните генерали во која им дава целосна поддршка: 

- Ве поканувам да се вклучите во започнатата битка и битката што е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и како жена политичарка, го споделувам вашето страдање - рече Марин Ле Пен. Таа особено го потенцираше случајот со патриот генерал Пјер де Вилер, поранешен началник на Генералштабот, кој од Макрон беше отпуштен во 2017 година, откако јавно го критикуваше претседателот за намалување на распределбата за армијата. 

Ова е првпат од создавањето на петтата република претседателот да го смени началникот на генералштабот.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. Од друга страна, Марин Ле Пен, водачот на десничарската Национална алијанса, ги пофали наводите од писмото. На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка меѓу Макрон и Ле Пен, кои според последните анкети на јавното мислење имаат поголема поддршка од јавноста.

Министерот е бесен - армијата не е во кампања

Министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли, луто реагираше на објавувањето на писмото на пензионираните генерали: - Тие се пензионери и повеќе не се активни војници, тие немаат никаква функција и се претставуваат само себеси. Неутралноста и лојалноста се два принципа кои се клучни за секој војник. Политизацијата на армијата ќе ги ослаби нашите воени можности и ќе ја загрози Франција. Армијата не е во кампањата и таа е тука за да ја брани и заштити земјата - рече таа.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на странската легија, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година. Писмото, пренесува Дејли Меил, го потпишале повеќе од 1.000 поранешни воени функционери.

Франција е во опасност

"Франција е во опасност. Неколку смртни закани и се закануваат. Дури и во пензија, ние остануваме француски војници и не можеме да останеме рамнодушни на судбината на нашата прекрасна земја во сегашните околности. Распаѓањето на земјата се состои од исламски орди од предградијата, кои одвојуваат големи делови од нацијата и ги претвораат во територија подложена на догми спротивни на нашиот устав “, се вели во писмото, меѓу другото.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?