27 Април, 2024
0.0289

МУАРЕМИ: Додека не утврдиме каде завршиле парите од Еуростандард банка, не можеме да ја затвориме истрагата

Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, на денешната Надзорна расправа за Еуростандард банка, рече дека Управата активно работи на овој случај, ги утврдува причините како дошло до несолвентност на банката, како се давале кредитите и каде завршиле тие пари. 

„Ние истражуваме, а Јавното обвинителство треба да утврди дали ќе оди со истрага или ќе ја запре постапката“, рече Муареми.

Има три наредби, една е од ОЈО, а една од Обвинителството за Организиран криминал, а имаме и сопствена постапка, нагласи директорот на Управата. Според него, процесот се уште е во предистражна постапка, се уште не е отворена истражна постапка. 

„Не можеме да кажеме во која насока ќе оди истрагата и не можеме да кажеме каде има вина“, рече Муареми, потенцирајќи дека веќе не може да се откриваат детали. 

Пратеникот Сајкоски праша кои се фирмите кои се сомнителни должници, колку се тие, дали се 29 или 51, и каде завршиле парите од банката?

„Имаме голем број фирми кои се предмет на проверка, за еден дел се веќе обезбедени докази, а други се на листата за кои треба да се обезбедат докази. Инаку, и нас не интересира каде завршиле парите, и ние следиме каква е трагата на парите, бидејќи без тоа нема да можеме да ја затворите истрагата“, рече Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат