05 Мај, 2024
0.0309

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна заради исполнување на стратешките интереси на Македонија

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски во денешното интервју за „Фактор“ најави дека најголемата опозициска партија не бега од организирање протести како легитимно средство за вршење притисок над власта, но дека во овој момент смета дека треба да биде повеќе кооперативна.

„Убеден сум дека најголемо задоволство од радикализација на ВМРО-ДПМНЕ би ја имале структури во и надвор од нашата земја и посебно оние кои не и мислат добро на Република Македонија. Протестите се демократски средство за изразување на незадоволство, и оттука не мислам дека постои сериозна опозициска партија во развиениот свет која целосно би го исклучила користењето на таквите методи на дејствување. Овде посебно би сакал да потенцирам, дека за разлика од одредени негативни примери во одредени држави во регионот и пошироко, каде сме сведоци на институционален бојкот на опозиционите партии, ние како главна опозициона партија во државата и како раководство на ВМРО-ДПМНЕ, веќе подолг временски период настапуваме проактивно во рамките на институциите и максимално сме посветени кон користење на сите демократски средства кои ги имаме на располагање. Во рамките на нашето дејствување секојпат кога ќе оцениме дека е потребно да критикуваме тоа го правиме на соодветен начин со јасно дејствување против нелегалните постапки, појави и слабости кои се појавуваат во владеењето на актуелната власт“, вели Муцунски.

Партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека неговата партија во овој период треба да помогне Македонија да ги оствари своите стратешки надворешно политички и економски приоритети.

„Ќе нотирам дека улога на опозиција не е да подгрева атмосфера на неконструктивност, туку да биде вистински коректор на власта, да понуди кредибилна алтернатива, да ги потпомага сите процеси кои се во интерес на остварувањето на нашите стратешки надворешно политички и економски приоритети, да ја промовира државата надвор, да привлекува странски инвестиции, да работи во интерес на засилениот економски развој, во задржувањето на младите во државата. Правејќи го тоа како што го чиниме на вистински и одговорен начин, повеќе од сигурен сум дека кормилото го држиме на вистинската патека, дека сме на очекуваната висина на исполнување на задачата која ни припаѓа и за чие исполнување сите ние заеднички одговараме пред граѓаните, од кои ја очекуваме заслужената поддршка на следните парламентарни избори“, одговара тој на едно од прашањата.

За одбивањето на повикот од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за учество на денешната лидерска средба што требаше да се одржи на иницијатива од страна на премиерот Зоран Заев смета дека ваков формат на средби не се потребни по секоја цена.

„Што се однесува до лидерските средби како формат за решавање на политички проблеми, мислам дека истите треба да се користат внимателно, бидејќи нивното постојано користење како начин на решавање на одредени политички и друг вид на прашања и проблеми непосредно влијае кон поткопување на кредибилитетот на институциите и функционирањето на политичкиот систем. Токму во таа насока аргументот на Претседателот Мицкоски дека не ја гледа логиката на средба во овој формат кога партиите се уште се далеку од решение е сосема легитимен и неспорен. Одржување на лидерската средба во наредниот среднорочен период веројатно е возможна и потребна кога ќе има на повидок постигнување на одредени решенија за главните предизвици со кои се соочува државата и нејзините граѓани“, вели Муцунски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува