Мухамед Аљи ќе биде замена за Стојанче Ангелов во ЦУК
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2025 14:21
Откако Стојанче Ангелов објави дека заминува на челната позиција на Дирекцијата за заштита и спасување, Мухамед Аљи е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 жртви.

Ангелов по малку на шеговит начин порача дека на Аљи ќе му биде тешко да ја замени неговата енергичност на директорското место.
„Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи. За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008. Моментално е на позицијата помошник-раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање“, изјави Ангелов.
Лидерот на „Достоинство“ и подоцна порача дека сепак очекува од неговиот наследник достоинствено да го замени.„Кризниопт менаџмент е комплексна материја која не може да се научи оддеднаш, но тој работеше овде во ДЗС и тоа ќе му помогне да се снајде полесно“, порача подоцна тој.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




