08 Мај, 2024
0.0246

Мухамед Халили и Советот на амбасадори по Декретот на Бајден: Владата да се бори со корупцијата и во своите редови

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“, чии претседател е Мухамед Халили, го пшоздравува најновиот Декрет на Американскиот претседател Џо Бајден. 

Односно, како што во своето соопштение од медиумите наведува Советот на амбасадори, тие го поздравуваат објавувањето на проширувањето на опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба од 2001 год. на претседателот на САД Џо Бајден, со кое тој наредува да бидат замрзнати сиот имот и интереси што се во САД на лица  кои, меѓу другото,….  „се одговорни, директно или индиректно, за закани по мирот, безбедноста, стабилноста или по територијалниот интегритет на која било област или држава во Западен Балкан, на лица коисе одговорни, директно или индиректно, за поткопување на демократските процеси или институции во Западен Балкан, на лица кои се одговорни, директно или индиректно, за сериозни прекршувања на човековите права во Западен Балкан“. 

Советот на амбасадори во целост ја поддржува констатацијата изнесена во Извршната наредба на претседателот Џо Бајден дека во земјите на Западен Балкан има широкораспространета корупција во разни влади и институции, со што се отежнува и успорува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските интеграции.

„Советот на амбасадори ја поздравува определеноста на САД на лицата кои директно или индиректно претставуваат закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор како што се Преспанскиот Договор и Охридскиот договор - да се ставаат на таа листа.

Советот на амбасадори смета дека во нашата држава како и во соодветните институции се направени одредени  напори да  се доведат пред органите на правдата лицата кои во Извршната наредба се категоризирани како лица кои се одговорни, или се вклучени директно или индиректно во недозволените актиивности корупција од било кој сегашен или поранешен владин функционер“, велат од Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори ја повикува Владата и понатаму храбро да работи во искоренување на корупцијата и организираниот криминал и кај поранешните функционери и во сопствените редови, со цел на создавање на држава без криминал од сите видови, и со голем степен на одговорност кој ќе не води кон благосостојба.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава