МВР апсеше во Шуто Оризари по двајцата натепани полицајци
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2019
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри дека се уапсени седуммина осомничени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари од толпа жители во доцните вечерни часови во понеделникот.
Во текот на денот се очекува полицијата да ја продолжи истрагата за да ги обезбеди другите осомничени за овој случај.
Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил. Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.
Локалните жители помислиле дека сакаат да киднапираат деца па ги претепале.