17 Јануари, 2025
0.0304

МВР доби кривична од Хелсиншки за случувањата по студентските избори

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство - Скопје против службени лица при Министерството за внатрешни работи, кои спречиле слободно собирање и изразување на протест на студентите. Кривичната пријава е поднесена против раководните службени лица кои дале наредба и униформираните полициски службеници (припадници на Единицата за брзо распоредување) кои ја извршиле наредбата, прекршувајќи ги уставно загарантираните права на мирен собир и јавен протест гарантирани во член 21, се вели во соопштението на Комитетот.

За време на изборите на 30. јуни повеќе пати бил прекршуван Статутот на Универзитетот и Правилникот за спроведување избори за Претседател на Студенски парламент. Така на пример, при гласањето на Правниот Факултет, гласачката кутија била насилно грабната од член на Изборната комисија кој бил придружуван од група на непознати лица кои не биле студенти, а се движеле на Кампусот на трите факултети и се упатиле кон седиштето на СПУКМ, стационарано во зградата на студенскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ додаваат од Комитетот.

Кулминација настанала во 22 часот, кога пристигна Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со оклопни возила, кои тргнаале кон студентите што биле присутни пред влезот на просториите на СПУКМ во знак на протест. Полициските службеници од  Единицата за брзо распоредување насилно влегле во просториите на студенскиот парламент и започнале да им нанесуваат удари со нога на студентите, за да го расчистат патот за лицата кои ги носеле гласачките кутии.

Со своето постапување при извршувањето на наредбата, припадниците на ЕБР сториле две кривични дела, и тоа: „Спречување и смеќавање на јавен собир“ предвидено во член 155, став  2 од Кривичниот Законик на РМ и „Малтретирање во вршењето на службата“ предвидено во член 143 од Кривичниот Законик, велат од Хелсиншкиот комитет. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби