МВР НЕ ПРОСТУВА ЗА ШЕТАЊЕ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС - приведени 59 лица
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020
И натаму има граѓани што не го почитуваат полицискиот час. Приведени се 59 лица затоа што биле фатени надвор од дома во тој период.
„Во текот на изминатото деноноќие (02/03.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“, соопштија од МВР.